субота, 24. март 2012.

МАТЕМАТИКА за IV одд осмолетка од Илија Јанев

1. Театарската претстава ја гледале 816 мажи, жени и деца. Од нив 274 биле мажи, а 296 жени. Колку деца имало во публиката?
2. Ариан има 8 тетратки со 40 листа, 5 тетратки со 60 листа и 2 тетратки со 100 листа. Колку вкупно листови имаат тетратките на Ариан?
3. За еден машки костум се потребни 3м штоф. Кројачот Лирим има 40м штоф. Колку костуми ќе сошие кројачот Лирим? Колку метри штоф ќе му останат?
4. Во садот има ореви. Мајката им ги дели на своите 3 деца. Секое дете добило по 5 ореви и во садот останале уште 2 оревчиња. Колку ореви имало во садот?
5. Русе донел во мелницата 6 вреќи пченица по 35кг и 5 вреќи јачмен по 24кг. Колку вкупно килограми жито донел Русе во мелницата?
6. За три прозорци потребни се 12м ткаенина за пердиња. Колку метри се потребни за еден прозорец? А колку за 12 прозорци?

7. Три јајца се варат за три минути. За колку минути ќе се свари едно јајце?

8. Игор и Дени се браќа. Секој од нив има по една сестра. Колку деца има во семејството?

9. Сестрите Весна и Валентина се родиле во ист ден, во ист месец, во иста година и од исти родители, а сепак не се ,,близначки,,. Како е можно тоа?

10. На секцијата по математика Татјана пристигнала трета, веднаш по Никола и Ана. По неа пристигнале Перо и Ристе. Роза пристигнала последна, а Атанас претпоследен. Елена пристигнала после Ристе а пред Ване. Определи го редоследот на пристигнувањето на учениците. Запиши ги првите букви од имињата во тој редослед. Кој збор го доби?

11.Зборовите во речниците се запишуваат по азбучен ред. На пример, во Речникот на македонскиот јазик стои: девет, деветина, деветини, деветка, деветнаесет, деветнаесетти, деветти, итн. Подреди ги по азбучен ред зборовите: нула еден два три четири пет шест седум осум девет десет.

12. Во една четинарска шума растат 3 400 бора, 2 600 елки и 1 300 стебла на други зимзелени дрва. Младите екологисти засадиле 600 борчиња, 400 елки и 700 други четинари. По колку дрвца од секој вид четинари има сега во оваа четинарска шума?

13. На кој број треба да му ја додадеш разликата од броевите 72 000 и 22 000 за да добиеш број еднаков на збирот на броевите 56 000 и 34 000?

14. Во 1992 година во Македонија се произведени 12 430т пченка, јачмен за 47 483т повеќе отколку пченка, а пченица за 71 249т повеќе од јачмен. Колку тони јачмен се произведени таа година во Македонија? Колку тони пченица се произведени во Македонија во 1992 година? Колкаво е вкупното производство на овие житарици во 1992 година?

15. Бројникот за изминати километри при поаѓање покажувал 36 879км. По првиот ден возење покажало 37 267км, а по вториот ден 37 642км. Колку километри изминал автомобилот првиот ден, вториот цен, и двата дена заедно?

16. Еден камион наполнет со пченица има маса од 7 284кг, а празен има маса од 2 576кг. Пченицата во камионот е товарена од силос кој имал 15 200кг. Колку килограми пченица останале во силосот?

17. Еден пилот за три дена прелетал 9 014км. Првиот ден прелетал 3 154км, а вториот ден 278км помалку. Колку километри прелетал пилотот вториот ден? Колку километри прелетал пилотот третиот ден?

18. Должините на страните на еден триаголник се 8dm, 5 dm и 7dm. Колкава е неговата обиколка? Изрази ја во метри!

19. Пресметај ја обиколката на триаголникот, ако должините на неговите страни се a=79mm, b=63mm и c=58mm. Изрази ја обиколката во дециметри!

20. Должините на страните на триаголникот АБЦ се 54мм, 39мм и 47мм, а должините на страните на триаголникот КЛМ се 8цм, 4цм и 5цм. Кој од нив има поголема обиколка?

21. Обиколка на еден триаголник е 80цм, а должините на две негови страни се 25 цм и 35цм. Колкава е должината на третата страна?

22. Обиколката на правоаголникот е 20цм, а неговата должина 6цм. Колкава е неговата ширина?

23. Боксерскиот ринг има форма на квадрат со страна 5м и е ограден со три реда јажиња. Колку метри јаже се употребени?

24. Колку центиметри жица ќе употребиш за правење модел на коцка, ако работ на коцката е 8цм? Дали парче жица од 1м ќе ти биде доволно?

25. Покрај патот 3 дрвја. На секое дрво три гранки. На секоја гранка три гнезда. Во секое гнездо по три јајца. Колку вкупно јајца има?

26. Велосипедист се движи со просечна брзина од 36км на час. Колкав пат ќе измине за 12 часа, а колкав за 24 часа?

27. Еден базен се полни од две цевки. За една минута низ првата цевка во базенот дотекуваат 28 литри вода, а низ втората 36 литри. Колку литри вода ќе дотечат во базенот низ двете цевки за 10 мин, за 35 мин и за 1 час?

28. Дали смееш камион со носивост од 2 т да го натовариш со 65 вреќи од по 32 килограми? Зошто?

29. Тркалото на велосипедот за една минута се завртува 135 пати. Колкав пат ќе измине велосипедист за 2 часа, ако обиколката на тркалото е 2м?

30. Живинарска фарма секојдневно испорачува 234 кутии со 256 јајца. Колку јајца дневно испорачува фармата? Колку јајца има во 4, 30, 200 кутии?

31. Од двете страни на еден булевар, долг 120м, се посадени липи на растојание од 8м. колку липи го красат булеварот? Внимавај!

32. Колку столбови се потребни за да се огради нива долга 60м и широка 32м, ако столбовите се поставуваат на растојание од 4м?

33. Фабриката за конзерви произвела 28 000 конзерви со зеленчук, а 7 пати помалку конзерви со компот. Колку конзерви компот произвела фабриката? Колку вкупно конзерви произвела фабриката?

34. Од 48 000кг тестенини, една третина се макарони, а една четвртина фиде. Колку килограми макарони се произведени? Колку килограми фиде се произведени? Колку килограми други тестенини се произведени?

35. Во една фабрика биле произведени 32 450 детски играчки. Една десетина од нив биле балони. Колку балони произвела фабриката?

36. Еден авион три дена во неделата лета од градот А до градот Б и се враќа назад. За тоа време прелетал 8 076км. Колку километри дневно прелетувал авионот?  Колкаво е воздушното растојание меѓу градовите А и Б?

37. Од една нива се добиени 7 346кг пченица, од друга 5 170кг, а од трета четири пати помалку, отколку од првите две заедно. Колку килограми пченица се добиени од третата нива? Колку килограми пченица се добиени од сите три ниви?

38. На еден детски фестивал биле пуштени детски балони. Еден балон слетал по 8 дена и за тоа време изминал 2 192км, а друг балон за 5 дена изминал 1 395км. Кој од овие балони изминувал повеќе километри за еден ден?

39. Во еден град со 36 264 жители една третина се на возраст до 20 години, а една четвртина имаат повеќе од 60 години. Одреди го бројот на младите до 20 години! Колкав е бројот на возрасните над 60 години? Пресметај го бројот на останатите жители во градот!

40. Чашите најчесто се пакуваат по 6 еднобојни во кутија. Фабриката произвела 1 320 сини чаши и 1260 зелени. Колку кутии и се потребни на фабриката за пакување на чашите? Колку големи кутии и се потребни на фабриката, ако во една голема кутија се ставаат по 10 мали кутии? Колку вкупно кутии ќе употребат (и мали и големи)?

41. На едно туристичко патување возачот на автобусот возел секој ден по 6 часа и изминал 2 400км. Колку дена возачот бил на пат, ако возел со просечна брзина од 80км на час?

42. Еден телевизор чини 25 600 денари. Ако се купи на 4 месечни рати, треба да се доплатат уште 1 280 денари. Колкава е месечната рата?

43. Семејството Петровски сака да купи автомобил кој чини 384 000 денари. Притоа мора да уплати учество од 76 800 денари, а остатокот од сумата треба да го исплати за 5 години. Колкава е месечната рата?

44. Во секоја гајба има по 18кг јаболки. Наум продал 94кг јаболки. Колку гајби со јаболки продал Наум?

45. Во фабриката имаат 100 конзерви. По 24 конзерви пакуваат во една кутија. Колку кутии им требаат? Колку конзерви ќе им останат?

46. На натпреварот учествувале 96 ученици од 16 училишта. Секое училиште испратило по една екипа. По колку ученици имало во секоја екипа?

47. Во првите 14 минути на натпреварот во кошарка биле постигнати 84 коша. По колку коша просечно се постигнати во секоја минута?

49. Ариан за 62 секунди изминал 372м, а Лирим за 52 секунди изминал 364м. Кој од нив е побрз?

50. Секоја кутија содржи по 16 чоколади. Колку кутии треба да се отворат, за да се продадат 333 чоколади?

51. Со три еднакви автобуси можат да се превезат 156 патници. Со колку такви автобуси можат да се превезат 1 768 патници?

52. Во еден град секојкдневно се продава исто количество леб. Во месеците март и април продадени се 183 976 леба. Колку леба се продадени во март, а колку во април?

53. Во еден град секојдневно се продава  исто количество млеко. Во месеците мај, јуни и јули продале 186 852л млеко. По колку литри млеко продале секој месец?

54. При делење на  бројот 26 371 со 63 ќе добиеш остаток. Најди го остатокот, а потоа одземи го од бројот 26 371. Добиената разлика подели ја со 63. Што забелешуваш? Колкав е количникот?

55. Во воденицата сомлеле 61 200кг пченица, а р'ж 16 пати помалку. Брашното го пакуваат во вреќи од 45кг. Колку вреќи се потребни за пченичното, а колку за р'жаното брашно?

56.


понедељак, 19. март 2012.

УЧИЛИШТЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА (19.03.2012)

1. Од местата А и Б истовремено, еден спроти друг тргнале камион, кој се движел со брзина од 54 километри на час и автобус кој се движел со брзина од 70 километри на час. Се сретнале 3 часа по тргнувањето. Одреди го растојанието помеѓу местата А и Б.

2. Една пумпа испумпува 90 литри вода за 9 минути, а друга 54 литри вода за 6 минути. Колку литри вода ќе испумпаат двете пумпи за 8 минути?

3. Едно лозје со должина од 155м, а ширина 80м помала од должината треба да се загради. Колку колци се потребни за да се загради лозјето ако на секои 5м се употребуваат 2 колца?

4. Збирот на еден број, неговиот претходник и неговиот следбеник изнесува 207. Кои се тие броеви?

5. Во еден магацин имало 475кг сирење. Една петина од сирењето е испратено во еден град, а во друг град е испратено трипати повеќе отколку во првиот град. Уште колку кг сирење останало во магацинот?

четвртак, 15. март 2012.

ЗАДАЧИ ОД ЗБИРКА ПО МАТЕМАТИКА (IVосмолетка) од Душко Ачовски и Весна Макашевска - Алби 2003

1. Голем Кораб е висок 2764 метри. Пелистер е за 163 метри понизок од Голем Кораб, а Титов Врв е за 146 метри повисок од Пелистер. Одреди колку е висок врвот Титов Врв.

2. Во една книжарница првиот ден се продадени 225 тетратки, а вториот ден 86 тетратки повеќе од првиот, по што во книжарницата останале уште 289 тетратки. Колку вкупно тетратки имало во книжарницата на почетокот?

3. Една група екскурзијанти со воз поминала 248 километри, а со автобус 185 километри повеќе отколку со воз. Колку вкупно километри поминале екскурзијантите?

4. Збирот на три броја е 1000. Првиот број е 346, а вториот е за 58 поголем од првиот. Одреди го третиот број.

5. Во една градина се посадени 148 јаболкници, круши за 68 помалку од јаболкници и сливи за 36 повеќе од круши. Колку вкупно овошни дрвја се посадени во овошната градина?

6. Растојанието од Скопје до Велес е 54 километри, од Велес до Штип е за 13 километри помало, а од Штип до Струмица е за 24 километри поголемо отколку од Велес до Штип. Одреди го растојанието од Скопје до Струмица.

7. Во една продавница имало извесно количество сирење. Откако продале 406 килограми, им останале уште 7 канти по 14 килограми сирење. Колку килограми сирење имало во продавницата на почетокот?

8. Еден ученик прочитал 45 страници од една книга. За да ја прочита книгата до крај, во наредните 3 дена треба да прочитува по 25 страници. Колку вкупно страници има книгата?

9. Од местата А и Б истовремено, еден спроти друг тргнале камион, кој се движел со брзина од 54 километри на час, и автобус, кој се движел со брзина од 70 километри на час. Се сретнале 3 часа по тргнувањето. Одреди го растојанието помеѓу местата А и Б.

10. Напишани се по ред броевите од 1 до 200. Колку цифри се употребени притоа?

11. Ако некој број се подели со 8, се добива количник 108 и остаток 6. Кој е тој број?


12. Таткото и синот имаат заедно 44 години. Таткото е три пати постар од синот. По колку години има секој од нив?


13. Колку цифри се употребени за нумерирање на страниците на една книга што има 136 страници?

14.  За исхрана на 6 коњи и 8 крави на една фарма се трошат по 122 килограми сено за еден ден. Еден коњ за еден ден изедува 7 килограми сено. Колку килограми сено изедува една крава за еден ден?

15. За потребите на една училишна кујна биле купени 480 килограми компир. Од него 130 килограми биле сместени во еден сандак, а останатиот компир во 7 вреќи подеднакво. По колку килограми компир имало во секоја вреќа?

16. Во 4 вагони на еден воз има 192 патници. Колку патници има во 9 вагони, ако во сите вагони има ист број патници?

17. Во една овошна градина има 360 јаболкници. Од нив 144 се јонатан и 9 еднакви редови делишец. По колку јаболкници делишец имало во секој ред?

18. Еден работник изработил 582 предмети за 2 дена, а друг 565 предмети за 5 дена. Колку предмети ќе изработат двајцата за 4 дена?

19. На патот од училиштето до дома Анастасија направила 364 чекори. Колку метри пат поминала таа, ако 7 чекори се еднакви на 4 метри?

20. Една пумпа испумпува 90 литри вода за 9 минути, а друга 54 литри вода  за 6 минути. Колку литри вода ќе испумпаат двете пумпи за 8 минути?


21. Борјан замислил еден број. Кога тој број го зголемил 6 пати и кон добиениот производ додал 284, го добил бројот 728. Кој број го замислил Борјан?


22. Во една продавница има гајби со јаболка кои собираат по 16кг, 17кг  и 25кг. По колку гајби од секој вид треба да земе купувач кој сака да купи 100кг јаболка?


23. Слика и рамка заедно чинат 840 денари. Сликата е 5 пати поскапа од рамката. Колку денари чини рамката, а колку сликата?


24. Врвот Пелистер е висок 2601 метар, Титов Врв е повисок од Пелистер за 146 метри, а Голем Кораб е повисок од Титов Врв за 17 метри. Одреди ја висината на врвот Голем Кораб.

25. Еден лозар произвел во една година 34 586 килограми бело грозје и 48 794 килограми црно грозје. Од него на пазар продал 69 847 килограми грозје, а останатото го употребил за свои потреби. Колку килограми грозје лозарот употребил за свои потреби?

26. Збирот на три броја е 100 000. Првиот број е 36 845, а вториот е за 8 888 поголем од првиот. Пресметај го третиот број.

27. Една живинарска фарма во октомври произвела 82 000 јајца, а во ноември 2 984 јајца помалку отколку во октомври. На пазар продала 138 456 јајца. Колку јајца останале непродадени?

28. Во една фабрика за преработка на овошје произведени се 91 000 килограми компот од кајсии, компот од праски за 4 389 килограми помалку отколку од кајсии и компот од сливи за 4 375 килограми помалку отколку од праски. Колку вкупно килограми компот е произведен во фабриката?

29. Во петоаголникот ABCDE, AB=BC=CD, L=19 cm, DE=28mm и EA=42mm. Одреди ја должината на страната AB.

30. Во четириаголникот ABCD периметарот е L=19cm, а AB=BC=45mm и CD=3cm. Одреди ја должината на страната DA.

31. Дадени се триаголник ABC со страни а=3dm, b=35cm и c=48cm и триаголник MNP со страни m=4dm, n=5dm и p=48cm. Кој од дадените триаголници има поголема обиколка (периметар) и за колку?

32. Во триаголник со обиколка (периметар) L=25cm збирот на должините на две страни е 17cm. Колкава е должината на третата страна?

33. Во триаголникот ABC со обиколка (периметар) L=186mm, a=5cm и b=64mm. Колкава е должината на страната C?

34. Една страна на триаголникот АБЦ е 35мм, втората е за 5мм поголема од првата, а третата е за 7мм помала од втората. Пресметај ја обиколката (периметарот) на триаголникот.

35. Одреди ги должините на страните на триаголникот ако неговата обиколка (периметар) е 38cm, збирот од должините на првата и втората страна е 23cm, а збирот од втората и третата страна е 28cm.

36. Пресметај го кракот b на рамнокрак триаголник ако се дадени


а) периметарот L=27cm и основата а=7cm
б) периметарот L=3dm и основата а=12cm.


37. Рамностран триаголник има еднаква обиколка (периметар) со рамнокрак триаголник со основа 9cm и крак 12cm. Пресметај ја должината на страната на рамностраниот триаголник.


38. Овошна градина со форма на правоаголник со должина 40m и ширина 30m е оградена со 3 реда бодликава жица. Колку метри бодликава жица е употребено за оградување на овошната градина?


39. Ливада во форма на квадрт со страна 45m е заградена со 3  реда бодликава жица. Колку метри бодликава жица е употребено за оградување на овошната градина?


40. Нива во форма на квадрат е заградена со два реда греди, за што се употребени 320m греди. Пресметај ја должината на нивата.


41. Пресметај ја должината на квадратот кој има обиколка (периметар) еднаква на обиколка на правоаголник со страни 8cm и 6cm.

42. Должините на три раба што излегуваат од едно теме наеден квадар се 12cm, 9cm и 5cm. Одреди го збирот од должините на сите рабови на квадарот.

43. Збирот на должините од сите рабови на еден квадар што излегуваат од едно теме е 116cm. Должините на два раба што излегуваат од тоа теме се 15cm и 8cm. Одреди ја должината на третиот раб што излегува од истото теме.

44. Збирот на должините на сите рабови на една коцка е 180cm. Колкава е должината на еден раб на коцката?

45. Еден ученик прочитал 62 страници од една книга. За да ја прочита целата книга, потребно е во наредните 5 дена да прочитува по 18 страници секој ден. Колку страници има книгата?

46. Производството на пченица што го добило едно земјоделско стопанство е пренесено до силосите на 6 тракторски приколки по 2 425кг и на 4 камиони по 12 560кг. Колку килограми пченица добило стопанството?

47. Колку цифри се употребени за означување на страниците на една книга што има 148 страници?

48. Еден земјоделец на пазар продал 245кг. ориз по 80 денари за килограм и 120кг. грав по 100 денари за килограм. Колку денари заработил земјоделецот?

49. На вагон се натоварени 115 вреќи брашно, по 50кг. секоја и 120 вреќи трици, секоја по 40кг. Колку килограми е целиот товар?

50. Платата на еден работник била исплатена со 14 монети по 500 денари, 23 монети по 100 денари и 9 монети по 50 денари. Колкава е платата на работникот?

51. Еден земјоделец продал 70кг. компири по 30 денари за килограм, а друг земјоделец продал 30кг. кајсии по 70 денари за килограм. Кој од нив заработил повеќе пари?

52.Соколот лета со брзина од 300км на час. Колку километри може да прелета соколот за 1 ден?

53. Еден земјоделец од овошната градина набрал 2 356кг круши, а јаболка 24 пати повеќе од круши. Колку килограми јаболка набрал земјоделецот?

54. Пченицата што ја ожнеал на една нива еден земјоделец ја товарел на еден коњ 78кг и на трактор на кој товарил 24 пати повеќе отколку на коњот. Колку вкупно пченица ожнеал земјоделецот од нивата?

55. Еден камион е натоварен со 68 вреќи јачмен, секоја по 55кг и 46 вреќи пченица, секоја по 65кг. Може ли камионот да помине по мост со носивост од 10 тони, ако празниот камион тежи 2 600кг?

56. За колку производот на броевите 35 482 и 27 е поголем од нивниот збир?

57. Еден автомобил поминува 1 250м за една минута. Колку метри ќе помине автомобилот за 2 часа и 15 минути?

58. Локомотива и шест вагони имаат маса од 104 тони. Колкава е масата на секој вагон, ако локомотивата има маса 80 тони?

59. Ако некој број се подели со 9, се добива количник 85. Кој е тој број?

60. Еден патнички воз има 9 вагони. Во сите вагони патувале по ист број патници. Колку патници патувале со возот, ако во 4 вагони имало 180 патници?

61. Еден автобус за 10 часа поминал 540км. По колку километри поминувал автобусот секој час?

62. Во 10 вагони на еден воз патувале 460 патници. По колку патници патувале во еден вагон, ако во сите вагони имало ист број патници?

63. Еден книжар набавил одреден број работни тетратки по математика и за нив платил 12 500 денари. Колку работни тетратки набавил книжарот, ако една од нив чини 100 денари?

64. Највисоката зграда во светот е во американскиот град Чикаго. Таа е висока 440м. Колку катови има зградата, ако еден кат е висо 4м?

65. Таткото и синот заедно имаат 45 години. Таткото е 4 пати постар од синот. По колку години има секој од нив?

66. Ако некој број се помножи со 3 и добиениот производ се зголеми за 2 825, се добива 5 000. Кој е тој број?

67. Во 9 вагони на еден воз има 405 патници. Колку патници патувале во возот, ако во него имало 15 вагони со ист број патници?

68. Локомотивата и 15 вагони заедно имаат 140т. По колку тони е масата на секој вагон, ако масата на локомотивата е 65т?

69. Збирот на два броја е 36 482. Еден од броевите е за 482 помал од другиот. Пресметај ги тие броеви.

70. Марија го прашала дедо и колку години има. Тој и одговорил - Ако бројот на моите години го поделиш со 6 и од добиениот број одземеш 6, ќе добиеш 6. Пресметај сама колку години имам.

71.Ако некој број се подели со 7 се добива количник 236 и остаток 5. Кој е тој број?

72. Кој број може да биде остаток при делењето со бројот 7?

73. Кој остаток ќе се добие ако бројот 2 571 се подели со 9?

74. Дали е точно извршено делењето на бројот x со 8, ако е добиен остаток 11? Образложи го одговорот?

75. Ако еден број се подели со 9 се добива количник 98 и остаток 4. Кој е тој број?

76. Двајца ученици делеле ист број, првиот со 9, а вториот со 7. Првиот добил количник 72 и остаток 5. Колку е количникот, а колку е остатокот што го добил вториот ученик?

77. Во една фурна за една седмица се произведени 67 480 леба. По колку леба се произведени во фурната за еден ден, ако секој ден е произведувано исто количество леб?

78. Од една овошна градина се набрани 1 440 кг јаболка, круши 4 пати помалку од јаболка и сливи 3 пати помалку од јаболка. Колку вкупно килограми е набрано од овошната градина?

79. За 4 месеци една фабрика произвела 14 628 алатки. Колку алатки произвела фабриката за седум месеци, ако секој месец произведувала по ист број алатки?

80. Еден авион за 5 часа прелетал 5 220км. Колку километри ќе прелета авионот за 8 часа, ако лета со иста брзина?

81.Од 24кг овчо млеко се добиваат 8кг овчо сирење. Колку сирење ќе се добие од 258кг овчо млеко?

82. Од 3кг брашно се добиваат 4кг леб. Колку килограми леб ќе се добие од 25 845кг брашно?

83. Во две буриња заедно има 720 литри вино. Ако од првото буре се преточат во второто 40 литри вино, тогаш во двете буриња ќе има по исто количество вино. По колку литри вино има во секое од бурињата?

84. Еден автобус треба да помине 1 038км за 15 часа. Првите 6 часа автобусот се движел со брзина од 65км на час. Со колкава брзина треба да се движи автобусот на преостанатиот пат, за да пристигне навреме?

85. Во еден склад има 22 380кг прашак за перење. Половината од прашакот бил спакуван во вреќи од 3кг, а остатокот во вреќи од по 5кг. Колку вреќи прашак имало во складот?

86. Еден овоштар продал извесно количество јаболка по цена од 35 денари по килограм и заработил 12 425 денари. Колку килограми јаболка продал овоштарот?

87. Ако 95кг јаболка чинат 4 275 денари, тогаш колку килограми јаболка можат да се купат за 5 760 денари, по иста цена?

88. На една детска театарска претстава од картите се добиени 27 625 денари. Колку гледачи присуствувале на претставата, ако една карта чини 85 денари?

89. За загревање на една куќа просечно дневно се трошат по 30кг јаглен. Колку дена може да се загрева куќата со 3т и 750кг јаглен?

90. Анастасија замислила еден број. Кога тој број го поделила со 24, добила количник 4 725 и остаток 17. Кој број го замислила Анастасија?

91. Во 15 вагони на еден воз има 975 патници. Колку патници има во 12 вагони, ако во сите вагони има ист број патници?

92. Во еден овоштарник има 951 овошка. 375 овошки се насадени по 25 во ред, а останатите по 32 во еден ред. Во колку вкупно редови се насадени овошките?

93. Ако некој број се со 75, ќе се добие количник еднаков на разликата на броевите 20 000 и 14 378. Кој е тој број?

94. Ако некој број се подели со 48 се добива количник 1 245 и остаток 29. Кој е тој број?

95. Кој број е 27 пати помал од количникот на броевите 153 792 и 16?

96. Сточарска фарма спакувала 35 100кг сирење по 15кг во една канта и 17 500кг по 14кг во една канта. Колку вкупно канти се употребени за сирењето?

97. Во библиотеката на едно училиште имало 750 книги. 1/2 од книгите биле за учениците од I-IV одделение. Колку книги од библиотеката се за учениците од I - IV одделение?

98. Едно земјоделско стопанство произвело 7 524т бостан. Од тоа 1/6 биле дињи, а останатите лубеници. Колку тони дињи и колку тони лубеници произвело стопанството?

99. Филип понел на екскурзија 300 денари. 1/3 од парите ги дал за автобуска карта, а 1/5 од парите за чоколада. Колку денари му останале на Филип?

100. Марија за еден ден набрала 12кг боровинки. Ана тој ден набрала за 1/4 повеќе боровинки од Марија. Колку килограми боровинки набрала Ана?

101. За колку метри 1/4км е помало од 1/5км?

102. Кој број ќе се добие ако на бројот 480 му се додаде 1/4 од истиот број?

103. Соколот лета со брзина од 300км на час. Орелот лета со брзина за 1/3 помала од брзината на соколот. Со колкава брзина лета орелот?

104. Антилопата може да трча со брзина од 100км на час. Гепардот трча со брзина за 1/10 помала од антилопата. Со колкава брзина може да трча гепардот?

105. Во едно стадо 35 овци се црни и тие се 1/6 од стадото. Колку овци брои стадото?

ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ПОСТАВИТЕ ПРАШАЊЕ ЗА НЕКОЈА ЗАДАЧА ИЛИ ДА ГО ДОБИЕТЕ ОДГОВОРОТ ДОКОЛКУ НЕМОЖЕТЕ ДА ЈА РЕШИТЕ, МОЖЕТЕ ТОА ДА ГО СТОРИТЕ АКО КЛИКНЕТЕ ПОДОЛУ НА ,,КОМАНТАР,, И СЕ НАЈАВИТЕ КАКО АНОНИМЕН ИЛИ СО ВАШЕТО КОРИСНИЧКО ИМЕ И ЛОЗИНКА ЗА ОНИЕ ШТО ЈА ИМААТ!


ТОЛКУ ЗА УТРЕШНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА! 

ВИ ПОСАКУВАМ МНОГУ УСПЕХ НА СИТЕ!